| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска седница нема да има денеска

sobranieКонститутивната собраниска седница за која СДСМ утрово поднесе иницијатива за нејзино свикување, нема да се одржи денеска.
Собраниски извори за Прес24 велат дека за тоа нема шанси бидејќи претходно, потребно е да се одржи координација меѓу координаторите на пратеничките групи.
Во текот на денот се очекува и претседавачот Трајко Вељаноски да излезе со свој став по ова прашање.
Постои можност седницата да се одржи за време на викендот. Она што неофицијално се дознава е дека на неа ќе се направи обид да се формира комисијата за избори и именувања во која СДСМ може да има тесно мнозинство заедно со пратениците на ДУИ и БЕСА.

Потоа планот е да се избере Талат Џафери за Претседател на Собранието.

Ниту една од партиите не изнесува детали за тоа кога ќе се направи обид да се избере новата Влада. Она што е потврдено е дека новиот Претседател на Собранието ќе го извести Иванов дека постои парламентарно мнозинство кое планира да формира Влада. Тоа за Претседателот практично и не значи ништо бидејќи тој е цврсто на позицијата дека нема намера да даде мандат за реализација на платформата на Еди Рама, чекор кој СДСМ сака да го направи во коалиција со своите албански партнери .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top