
Непознато лице од возило во движење вчера попладне испукало неколку куршуми од огнено оружје во близина на касарната „Боро Менков“ во Куманово, соопшти денеска МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол. Случајот во СВР Куманово вчера во 17 часот го пријавиле вработени во касарната „Боро Менков“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


