| четврток, 6 декември 2018 |

Ни мртов не му избега на судот на народот – Ванг Ѓингвеи (Велепредавници во историјата)

Ро­ден ка­ко Ванг Џа­о­минг на 4 мај 1883 го­ди­на, Ванг Ѓин­гвеи ја поч­нал по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра ка­ко ле­ви­чар, бил на ви­со­ка по­зи­ци­ја во Ки­не­ска­та на­ци­о­на­ли­стич­ка пар­ти­ја – Ку­о­мин­танг (КМТ) сѐ до ја­пон­ска­та ин­ва­зи­ја во 1937 го­ди­на. То­гаш ја при­фа­тил по­ка­на­та на осво­ју­вач­ки­те вој­ски да фор­ми­ра ма­ри­о­нет­ска вла­да во Нан­џинг.

Во исто­ри­ја­та е за­бе­ле­жан ка­ко пре­тсе­да­тел на ко­ла­бо­ра­ци­о­ни­стич­ка­та вла­да на Ки­на, ко­ја во Вто­ра­та свет­ска вој­на со­ра­бо­ту­ва­ла со на­ци­стич­ка Ја­по­ни­ја.

Ванг по­чи­нал во 1944 го­ди­на, а не­го­ви­от ко­ла­бо­ра­ци­о­ни­стич­ки ре­жим пад­нал по пре­да­ва­ње­то на Ја­по­ни­ја. Де­нес, тој се сме­та за кла­си­чен при­мер на „хајн­ѓи­јан“ или пре­дав­ник на Хан-Ки­не­зи­те. И не­го­во­то име, ка­ко и име­то на Квис­линг, е си­но­ним за пре­дав­ство.

velepredavnici237-wang-jingwei-2

По­че­ток

Ванг бил бли­зок со­ра­бот­ник на пр­ви­от пре­тсе­да­тел на Република Кина, Сун Јат Сен во пос­лед­ни­те 20 го­ди­ни од не­го­ви­от жи­вот. По смрт­та на Сун во 1925 го­ди­на, Ванг поч­нал по­ли­тич­ка бор­ба про­тив Чанг Кај-Шек за кон­тро­ла над Куоминтанг, но за­гу­бил.

Во вре­ме­то на Сун бил при­пад­ник на ле­во­то кри­ло на пар­ти­ја­та, а се истак­ну­вал ка­ко од­ли­чен го­вор­ник и ве­рен прет­став­ник на ки­не­ски­от на­ци­о­на­ли­зам. Бил за­тво­рен по­ра­ди за­го­вор за атен­тат на ре­ген­тот, прин­цот Чун, а на су­де­ње­то ја приз­нал ви­на­та. Оста­нал во за­твор од 1910 го­ди­на до во­ста­ни­е­то след­на­та го­ди­на, до­вол­но дол­го за да ста­не на­ци­о­на­лен хе­рој по ос­ло­бо­ду­ва­ње­то.

Во ре­во­лу­ци­ја­та се истак­нал со цвр­сто­то про­ти­ве­ње на за­пад­ни­от им­пе­ри­ја­ли­зам, а по вој­на­та бил на не­кол­ку по­зи­ции во ре­во­лу­ци­о­нер­на­та вла­да на Сун во Гу­анг­жу и единс­тве­ни­от од тес­ни­от круг со­ра­бот­ни­ци кои го при­дру­жу­ва­ле пре­тсе­да­те­лот на па­ту­ва­ња­та над­вор од те­ри­то­ри­ја­та под кон­тро­ла на Куоминтанг.

Човекот што им ја подари Норвешка на нацистите – Видкун Квислинг

Иа­ко се оче­ку­ва­ло по смрт­та на пре­тсе­да­те­лот ли­дер­ска­та по­зи­ци­ја во пар­ти­ја­та при­род­но да му при­пад­не не­му, мно­гу му од­мог­на­ла крај­на­та ле­ви­чар­ска ори­ен­та­ци­ја, па со мал­ку итри­на и мно­гу по­ли­ти­ка во 1926 го­ди­на кон­тро­ла­та над пар­ти­ја­та и над ар­ми­ја­та ја пре­зел Чанг Кај Шек.

От­то­гаш, па сѐ до 1938 го­ди­на тој дејс­тву­вал во опо­зи­ци­ја со јас­на цел ури­ва­ње на вла­да­та на Шек.

velepredavnici237-wang-jingwei-4

Па­ктот со Оска­та

Кон кра­јот на 1938 го­ди­на ка­ко пре­тсе­да­тел на Цен­трал­ни­от по­ли­тич­ки со­вет на Куоминтангот, Ванг го на­пу­шта Чон­гкинг и за­ми­ну­ва за Ха­ној, Фран­цу­ска Ин­до­ки­на, ка­де што отво­ре­но за­ста­нал на стра­на­та на ја­пон­ски­те осво­ју­ва­чи. Мал­ку пред Но­ва го­ди­на Ха­ној да­ва пред­лог да поч­нат пре­го­во­ри со Ја­по­ни­ја, што ре­зул­ти­ра со соз­да­ва­ње на Цен­трал­на­та вла­да на Ре­пуб­ли­ка Ки­на на 30 март 1940 го­ди­на. Оваа вла­да во го­ле­ма ме­ра ќе би­де кон­тро­ли­ра­на од Ја­по­ни­ја.

Во но­ем­ври 1940 го­ди­на вла­да­та на Ванг го пот­пи­шу­ва Си­но­ја­пон­ски­от до­го­вор, до­ку­мент сли­чен на ја­пон­ски­от Два­е­сет и ед­но ба­ра­ње, за по­ли­тич­ки, во­е­ни и еко­ном­ски от­стап­ки. Во ју­ни 1941 го­ди­на, Ванг јав­но ја ве­ли­ча Ја­по­ни­ја, ја по­твр­ду­ва ки­не­ска­та нак­ло­ност и ја кри­ти­ку­ва вла­да­та на Ку­о­мин­танг, а во­ед­но ве­ту­ва де­ка во со­ра­бо­тка со ја­пон­ска­та им­пе­ри­ја ќе им се спро­тив­ста­ви на ко­му­низ­мот и на за­пад­ни­от им­пе­ри­ја­ли­зам.

velepredavnici237-wang-jingwei-5

Вла­да­та на на­ци­о­на­лен спас на ко­ла­бо­ра­ци­о­ни­стич­ка­та Ре­пуб­ли­ка Ки­на на че­ло со Ванг се зас­но­ва на три прин­ци­пи: па­на­зи­ја­ни­зам, ан­ти­ко­му­ни­зам и е на­стро­е­на про­тив Чанг Кај-Шек. Ванг про­дол­жил да ги одр­жу­ва кон­та­кти­те со гер­ман­ски­те на­ци­сти и ита­ли­јан­ски­те фа­ши­сти што ги вос­по­ста­вил до­де­ка бил во ег­зил.

По по­че­то­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на ѝ пред­ло­жил на Ја­по­ни­ја Ки­на да вле­зе во вој­на­та на неј­зи­на стра­на, а во но­ем­ври 1942 го­ди­на Ја­по­ни­ја се сог­ла­си­ла. Во де­кем­ври иста­та го­ди­на во То­кио се срет­нал со ја­пон­ски­от им­пе­ра­тор Хирохито, а во по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на Ки­на им об­ја­ви­ла вој­на на Велика Британија и на САД.

velepredavnici237-wang-jingwei-3

Из­бег­ну­ва су­де­ње

Во март 1944 го­ди­на Ванг за­ми­ну­ва за Ја­по­ни­ја на ле­ку­ва­ње на ра­на­та до­би­е­на во оби­дот за атен­тат во 1939 го­ди­на. По­чи­нал во На­го­ја на 10 но­ем­ври 1944 го­ди­на, по­мал­ку од ед­на го­ди­на пред Ја­по­ни­ја да се пре­да­де, со што из­бег­нал да му се су­ди за пре­дав­ство. Мно­гу од не­го­ви­те бли­ски след­бе­ни­ци што го до­жи­ве­а­ле кра­јот на вој­на­та би­ле по­гу­бе­ни.

Ванг е по­гре­бан во Нан­џинг во бли­зи­на на мав­зо­ле­јот на Сун Јат-Сен. Вед­наш по по­ра­зот на Ја­по­ни­ја, вла­да­та на Чанг Кај-Шек го пре­се­ли­ла сво­е­то се­ди­ште во Нан­џинг, при што гро­бот на Ванг бил уни­штен, а те­ло­то му би­ло за­па­ле­но. Де­нес ме­сто­то ка­де што бил за­ко­пан е од­бе­ле­жа­но со мал па­вил­јон во кој е за­бе­ле­жан ка­ко пре­дав­ник.

 


Подготвила Kатерина Mитиќ

Текстот е објавен во 237 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 17 март 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top