| четврток, 6 декември 2018 |

Платформата го води регионот кон катастрофа

Не­кол­ку на­ста­ни од на­ше­то најб­ли­ско оп­кру­жу­ва­ње што се слу­чи­ја за ре­чи­си ед­на не­де­ла ди­рект­но вли­ја­е­ја на тоа го­лем број гра­ѓа­ни ко­неч­но да сфа­тат де­ка ѓа­во­лот ја од­не­сол ше­га­та и де­ка на­ста­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се гле­да­ат ка­ко по­вр­за­ни со тоа што се слу­чу­ва во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и во Јуж­на Ср­би­ја. На уште по­го­лем број гра­ѓа­ни тре­ба да им е јас­но де­ка  ду­ри и при­фа­ќа­ње­то на це­ла­та ал­бан­ска пла­тфор­ма на Еди Ра­ма од стра­на на Зо­ран За­ев не­ма да ги сми­ри ве­ли­ко­ал­бан­ски­те ас­пи­ра­ции на при­вр­за­ни­ци­те на При­зрен­ска­та ли­га кои сѐ уште се на­де­ва­ат на спро­ве­ду­ва­ње на ми­тот за ед­на др­жа­ва за си­те Ал­бан­ци. Ду­ри и во ус­ло­ви ко­га нај­го­лем број од нив­ни­те со­на­род­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја се свес­ни де­ка тоа е ка­та­стро­фал­но сце­на­рио за си­те во ре­ги­о­нот, но, пред сѐ, за нив. Да се по­тсе­ти­ме, за вре­ме на конф­ли­ктот во 2001 го­ди­на од вкуп­но 7500 уни­ште­ни или де­лум­но раз­ур­на­ти ку­ќи во криз­ни­те ре­ги­о­ни, око­лу 90 про­цен­ти беа во сопс­тве­ност на Ал­бан­ци

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Во ус­ло­ви ко­га Бал­ка­нот врие и ко­га Гер­ма­ни­ја е за­гри­же­на за со­стој­ба­та во Ко­со­во, Бос­на и Хер­це­го­ви­на и во Хр­ват­ска (кан­це­лар­ка­та Мер­кел во Бер­лин, спо­ред кру­го­ви бли­ски на пре­ми­е­рот Ву­чиќ, не иска­жа­ла ди­рект­на за­гри­же­ност за Ма­ке­до­ни­ја), на ал­бан­ски­те те­ри­то­рии се слу­чи­ја че­ти­ри на­ста­ни кои, мо­же­би, не се ко­ор­ди­ни­ра­ни, но се до­пол­ну­ва­ат во се­кој пог­лед. На Ко­со­во бе­ше по­ба­ра­но фор­ми­ра­ње ар­ми­ја; од гра­дот Ди­бра на гра­ни­ца­та со Ма­ке­до­ни­ја, вли­ја­тел­на­та пра­те­нич­ка во ал­бан­ски­от пар­ла­мент Ме­си­ла До­да по­ба­ра ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност на Или­ри­да од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја; ал­бан­ски­от пре­тсе­да­тел Бу­јар Ни­ша­ни во Бу­ја­но­вац бе­ше пре­че­кан ка­ко ос­ло­бо­ди­тел, без срп­ско зна­ме со ин­то­ни­ра­ње са­мо на ал­бан­ска­та хим­на, а во Ма­ке­до­ни­ја пот­пис­ни­ци­те на Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма нѐ убе­ду­ва­ат де­ка пред 100 го­ди­ни Ма­ке­дон­ци­те би­ле аме­би.

Ако на ова се до­да­де фа­ктот де­ка Ср­би­ја на­ско­ро тре­ба да до­бие еска­дри­ла од по­но­ви­те ге­не­ра­ции „миг“ и прин­ци­пот по кој ме­ну­ва­ње­то на ед­на бал­кан­ска гра­ни­ца ка­ко што ба­ра До­да авто­мат­ски ќе ги ур­не си­те гра­ни­ци во ре­ги­о­нот, лес­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка на Бал­ка­нот или сѐ уште има прем­но­гу лу­ди по­ли­ти­ча­ри или не­кој не­ка­де ди­ри­ги­ра нов бал­кан­ски по­ре­док ка­ко во­вед во но­ви­от од­нос на си­ли­те ме­ѓу нај­моќ­ни­те зем­ји на све­тот.

kol237-gm-hashim-tachi

Та­чи приз­на де­ка Ко­со­во не­ма под­др­шка од САД и од НА­ТО

Из­ја­ва­та на ко­сов­ски­от пре­тсе­да­тел Ха­шим Та­чи, кој пр­во по­ба­ра ко­сов­ско­то со­бра­ние да до­не­се од­лу­ка за фор­ми­ра­ње ко­сов­ска ар­ми­ја, а по­тоа из­ја­ви де­ка не­го­ва­та др­жа­ва не­ма под­др­шка од САД и од НА­ТО за не­го­ви­от план, по­ка­жу­ва де­ка за раз­ли­ка од Бал­ка­нот све­тот сѐ уште не го за­гу­бил раз­у­мот. Од из­ја­ва­та на Та­чи мо­же да се зак­лу­чи де­ка САД ка­ко тра­ди­ци­о­на­лен при­ја­тел на Ал­бан­ци­те на Ко­со­во во пос­лед­ни­те 25 го­ди­ни ја ме­ну­ва­ат по­ли­ти­ка­та и ба­ра­ат При­шти­на да не до­ле­ва во­да во зо­ври­е­ни­от бал­кан­ски ко­тел.

И на Ва­шин­гтон, кој би имал нај­го­ле­ма ко­рист од по­сто­е­ње­то ко­сов­ска вој­ска ка­ко про­ти­вте­жа на про­ру­ски­те нај­ви­со­ки офи­це­ри во срп­ска­та вој­ска, му е со­вр­ше­но јас­но де­ка фор­ми­ра­ње­то ар­ми­ја под кон­тро­ла на ко­сов­ски­те Ал­бан­ци ќе до­ве­де до нов ха­ос на Бал­ка­нот. На­ред­ба­та од Ва­шин­гтон е јас­на. Без раз­ли­ка на ве­ту­ва­ње­то на Та­чи де­ка ар­ми­ја­та не­ма да се ко­ри­сти про­тив со­се­ди­те и ни­кој не тре­ба да се чув­ству­ва за­гро­зе­но, ко­сов­ски­те ин­сти­ту­ции се со­о­чу­ва­ат со по­и­на­ква кон­сте­ла­ци­ја на од­но­си­те од вре­ме­то на Оба­ма и на Клин­тон. Да­ли тоа зна­чи це­лос­на про­ме­на на по­ли­ти­ка­та на САД кон Ко­со­во или, пак, ка­ко што нај­а­ву­ва ко­сов­ски­от вес­ник „Ко­ха ди то­ре“, се ра­бо­ти за дип­ло­мат­ско од­ло­жу­ва­ње на од­лу­ка­та за фор­ми­ра­ње ар­ми­ја за шест ме­се­ци е по­мал­ку важ­но. Нај­важ­но е де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на До­налд Трамп не са­ка да доз­во­ли Та­чи и дру­га­ри­те да го пре­тво­рат Ко­со­во во по­тен­ци­јал­но ме­сто ка­де што би поч­на­ла тре­та­та свет­ска вој­на.

kol237-gm-Kosovo-Albanian-flag

Ре­ги­о­нот оче­ку­ва и дру­ги ко­рис­ни че­ко­ри од Бе­ла­та ку­ќа

Ва­ква­та по­ли­ти­ка на САД за Ко­со­во тре­ба да ги ре­ла­кси­ра од­но­си­те во це­ли­от ре­ги­он. Па­ра­лел­но со по­ра­ки­те за ко­сов­ска­та ар­ми­ја во ид­ни­на тре­ба да оче­ку­ва­ме и дру­ги по­ра­ки од НА­ТО и од Ва­шин­гтон со кои ќе се спре­чат во­е­ни ин­тер­вен­ции на ко­сов­ски „ку­чи­ња на вој­на­та“ ка­ко онаа за вре­ме на ку­ма­нов­ски­те на­ста­ни.

Да не за­бо­ра­ви­ме, по ин­ци­ден­тот во мај 2015 го­ди­на ко­га за­ги­наа осум ма­ке­дон­ски спе­ци­јал­ци ни­ту еден ко­сов­ски по­ли­ти­чар не ги осу­ди те­ро­ри­стич­ки­те актив­но­сти на ко­сов­ски­те гра­ѓа­ни во Ку­ма­но­во. На­про­тив, си­те за­ги­на­ти, кои беа по­ра­неш­ни чле­но­ви на ко­сов­ска­та ОВК, беа за­ко­па­ни со нај­ви­со­ки во­е­ни по­че­сти ка­ко хе­рои и по­крај тоа што се оби­доа да из­вр­шат во­ен удар во со­сед­на др­жа­ва.

Да би­де раз­о­ча­ра­но­ста за Ма­ке­дон­ци­те уште по­го­ле­ма, ни­ту еден аме­ри­кан­ски по­ли­ти­чар или по­ли­ти­чар од зем­ји­те-член­ки на НА­ТО не ја осу­ди јас­но и нед­вос­мис­ле­но ко­сов­ска­та ин­ва­зи­ја во Ку­ма­но­во. За си­те нив бе­ше по­до­бро да се ли­фе­ру­ва­ат иди­от­ски­те шпе­ку­ла­ции што ги пла­си­раа дел од ко­сов­ски­те и од срп­ски­те ме­ди­у­ми, а без ни­ка­кви до­ка­зи ги ко­ри­стат и до­маш­ни­те но­ви­на­ри де­ка ма­ке­дон­ски­те вла­сти са­ми ор­га­ни­зи­ра­ле смрт на осум свои хе­рои. За­тоа по­те­гот на но­ва­та по­ста­ва во Бе­ла­та ку­ќа, Пен­та­гон и во Стејт де­парт­мен­тот про­тив ко­сов­ска ар­ми­ја, кој е раз­о­ча­ру­вач­ки за Та­чи и за це­ло Ко­со­во, вле­ва на­деж де­ка, ко­неч­но, за­вр­ши пер­и­о­дот во кој це­ли­от ре­ги­он бе­ше за­лож­ник на не­пре­ле­жа­ни­те дет­ски бо­ле­сти на вто­ра­та ал­бан­ска др­жа­ва на Бал­ка­нот.

kol237-gm-mesila-doda

Зо­што Ал­бан­ци­те беа сла­бост на За­па­дот?

Проб­ле­мот со аме­ри­кан­ска­та и, ге­не­рал­но, со за­пад­на­та осу­да за ве­ли­ко­ал­бан­ски­те за­ка­ни по те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет и су­ве­ре­ни­тет на зем­ји­те во ре­ги­о­нот не е нов. Пос­ле­ден пат тоа се слу­чи во 2012 го­ди­на ко­га то­гаш­ни­от ам­ба­са­дор на САД во Ти­ра­на, Але­ксан­дар Ар­ви­зу, упа­ти про­тест­на но­та до то­гаш­ни­от пре­ми­ер Са­ли Бе­ри­ша. При­чи­на­та беа не­кол­ку­те по­ра­ки за по­тре­ба­та од фор­ми­ра­ње Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, ко­ја и спо­ред Бе­ри­ша и спо­ред пра­те­нич­ка­та До­да тре­ба да се про­те­га од Пре­ве­за во Гр­ци­ја до Под­го­ри­ца и од Драч до Скоп­је.

Од то­гаш За­па­дот мол­че­ше це­ли пет го­ди­ни, сѐ до оби­дот да се фор­ми­ра ко­сов­ска ар­ми­ја, ду­ри и ко­га исти­от во­ка­бу­лар ка­ко Бе­ри­ша го иско­ри­сти и не­го­ви­от нас­лед­ник Еди Ра­ма. Вер­бал­но Ра­ма по­доц­на се пов­ле­че од те­за­та за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, но, ре­ал­но, ка­ко што по­ка­жу­ва ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ни­ко­гаш не се отка­жа од оби­дот да ги ре­гу­ли­ра од­но­си­те во ре­ги­о­нот иск­лу­чи­во спо­ред ин­те­ре­си­те на Ал­бан­ци­те.

Пос­лед­ни жр­тви на ве­ли­ко­ал­бан­ска­та ре­то­ри­ка и по­ли­ти­ка беа Цр­на Го­ра, ко­ја бе­ше об­ви­не­та де­ка при­сво­и­ла дел од гра­нич­на­та ли­ни­ја ме­ѓу две­те зем­ји, и, се раз­би­ра, Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што Ти­ра­на ди­рект­но се оби­де да ги уре­ду­ва вна­треш­но­по­ли­тич­ки­те и устав­ни пра­ша­ња. За ни­ту еден од три­те ин­ци­ден­ти, вклу­чу­вај­ќи ја и по­се­та­та на Ни­ша­ни на Бу­ја­но­вац, не ре­а­ги­ра­ше ни­ту ЕУ ни­ту САД. Ба­рем не јав­но, што за ал­бан­ска­та јав­ност се де­фи­ни­ра ка­ко пре­мол­че­на под­др­шка, што, пак, е при­чи­на за про­дол­жу­ва­ње на иста­та ре­то­ри­ка и по­ли­ти­ка.

Спо­ред пос­лед­ни­те на­ста­ни и пов­ле­ку­ва­ње­то на од­лу­ка­та за ко­сов­ска­та ар­ми­ја, се чи­ни де­ка за­вр­ши вре­ме­то ко­га Ко­со­во бе­ше ми­ле­ни­че на За­па­дот и во ид­ни­на вла­сти­те во При­шти­на ќе мо­ра да во­дат од­го­вор­на по­ли­ти­ка кон си­те во ре­ги­о­нот.

kol237-gm-KosovoFlagMap

Ал­бан­ци­те да би­дат ре­ал­ни за ште­та­та што им ја пра­ват нив­ни­те ра­ди­ка­ли

Ка­ква е по­ли­тич­ка­та зре­лост во ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки про­стор во ре­ги­о­нот по­ка­жу­ва и фа­ктот што ни­ту еден ин­те­ле­кту­а­лец во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во или во Ма­ке­до­ни­ја не ја кри­ти­ку­ва­ше пра­те­нич­ка­та До­да, ко­ја ди­рект­но се вме­ша во ма­ке­дон­ска­та су­ве­ре­ност со за­ка­на­та за ре­а­ли­зи­ра­ње ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност на Ал­бан­ци­те во т.н. Или­ри­да. Са­мо за спо­ред­ба, сим­бо­лич­на­та нај­а­ва на то­гаш на­ци­о­на­лро­ман­ти­ча­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, кој во 1992 го­ди­на нај­а­ви де­ка след­ни­от кон­грес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се ор­га­ни­зи­ра во Со­лун, сѐ уште кај огро­мен дел од ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и гра­ѓа­ни се кри­ти­ку­ва ка­ко ире­ден­ти­зам и обид за те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии, што во су­шти­на е. Но, ви­стин­ско­то пра­ша­ње ту­ка е да­ли не­кој Ал­ба­нец во дог­лед­на ид­ни­на ќе ка­же де­ка збо­ро­ви­те на Ра­ма, До­да или на Та­чи се на­ци­о­на­ли­зам. Тоа што не­кои на­ши Ал­бан­ци ја кри­ти­ку­ваа До­да за ре­фе­рен­ду­мот за Или­ри­да за­тоа што ка­жа­ла штет­на ра­бо­та за нив не се сме­та за­што тие трг­ну­ва­ат од ште­та­та на­пра­ве­на врз нив, а не од ште­та­та на­пра­ве­на врз си­те оста­на­ти, во прв ред Ма­ке­дон­ци­те.

(Текст објавен во 237. број на неделникот Република, 17.03.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top