| четврток, 6 декември 2018 |

Прва самостојна изложба на Жарко Башески во Словенија

Од денеска до 31 мај во Kibla Portal центарот во Марибор, Словенија, ќе биде отворена изложбата „Активирање на рецепторите“ од македонскиот склуптор Жарко Башески.

Ова е прва самостојна изложба на Башески во Словенија по претставувањето на дел од неговите дела на изложбата MIG 21 во Марибор во 2016 година.

Словенечката публика првпат ќе има можност да погледне изложба на хиперреалистични скулптури кои не се застапени кај скулпторите во Словенија. За време на изложбата најавени се и стручни трибини меѓу уметници, историчари на уметноста, теоретичари и академици.

Последните неколку години Башески беше дел од светските изложби во повеќе градови, меѓу кои Монтереј, Њујорк, Прага, Париз, Билбао, Рига, Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top