| четврток, 6 декември 2018 |

Првата Мис-Европа била Југословенка: Мажите ја обожувале, а таа им носела само несреќа (Видео)

Штефица Видачиќ е родена во 1905-та година во Пожега, а работела во кафуле во Загреб. На 22 години била крунисана за мис Загреб, па Мис на Кралството на Србите и Хрватите, а потоа во Берлин и за првата Мис-Европа.

stefica

За Мис на Европа, како што се тврди, токму неа ја одбрал помеѓу останатите три финалистки познатиот режисер Фридрих Мурнау, ветувајќи и филмска кариера.

Штефица, под името Штефи Вида се појавила во неколку филмски улоги но не се прославила со нив. Но затоа титулата Мис и обезбедила популарност низ цела Европа.

stefica5

Медиумите ја следеле во секој чекор, пишувајќи за нејзината фризура, фустан, искуствата на патувањата и снимањата.. Се омажила за познат сликар од тоа време, Роберт Оер, кој постојано ја сликал, а поради својата убавина се нашла и на многу реклами од тој период.

Многу мажи воздивнувале по неа, а тоа довело и до многу несреќи. Една од нив е истакнатиот господин Јосип Тилјак кој поради Шетфи одлучил да се самоубие па весниците го објавувале неговото последно писмо.

Сепак, најпозната е легендата за Шетфи и Мишкец. Мишкец бил локално момче од Загреб кое работело како асистент на мајстор и бил лудо заљубен во Штефица. Откако Штефица се омажила, тој започнал да пие, дал отказ и станал просјак по улици. Како просјак секогаш спиел на истото место – во пролазот Балкан. Па така кон крајот на 90-тите овој пролаз станал познат како Мишкецов пролаз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top