| четврток, 6 декември 2018 |

Бешикташ го надигра Олимпијакос со играч помалку (ВИДЕО)

besiktas-so-olimpijakos-2-615x400

Бешикташ излезе како победник во турско – грчката пресметка во Лигата на Европа, елиминирајќи го Олимпијакос. По ремито (1-1) во Грција, Бешикташ славеше со 4-1 во Истанбул, иако повеќе од едно полувреме играше со играч помалку поради исклучувањето на Абубакар. Тој постигна гол, а потоа без топка удри со глава противнички играч и беше исклучен во 39.минута.

besiktas-so-olimpijakos

Абубакар во десеттата минута го отвори резултатот, Рајан Бабел зголеми на 2-0 во 22.минута, а Ел Јонуси му даде надеж на Олимпијакос со голот во 31.минута

Потоа следеше и исклучувањето на Абубакар, па домашните фанови со право стравуваа за конечниот исход. Но, иако хендикепирани во играта во поле, фудбалерите на Бешикташ во вториот дел постигнаа два гола. Рајан Бабел во 75.минута постигна уште еден погодок, а потоа и Тосун ја погоди мрежата на Олимпијакос.

All Goals & Highlights by Gol-Live

Селта и во реваншот го совлада Краснодар со 0-2, откако и во Шпанија победи со 2-1. Хуго Малјо и Иаго Аспас беа стрелци за Селта, која патува во следната рунда.

Генк имаше огромна предност (5-2) од првиот дуел против Гент во белгиската пресметка, па доволно беше дома да одигра 1-1, за лесен пласман понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top