| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Никој не успеал да победи народ, народот ќе победи!

betmen-velit

Никој не успеал да победи народ, народот ќе победи. Не се обидувајте со притисок врз нас и врз медиумите кои не ве поддржуваат во вашите тирански платформи, порача вечерва Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата За заедничка Македонија.

-Постојано се обидуваат да не дефокусираат од тиранската платформа преку разни манипулации и преку медиумите кои ги поддржуваат потписниците на тиранската платформа. Пишуваат и известуваат на нечесен начин со огромни лаги. Сега се обидуваат да вршат притисок и врз медиумите кои не им се наклонети. Сакаме да им порачаме: Никој не успеал да победи народ, народот ќе победи! Не се обидувајте со притисок врз нас и врз медиумите кои не ве поддржуваат во вашите тирански платформи, истакна Илиевски на вечерашниот протест.

На 18-тиот ден, уште еднаш ги повтори ултимативните барања.

-Целосно отфрлање на тиранската платформа- НЕ за платформи од туѓи држави, ДА за платформа од тука од Македонија направена, НЕ за двојазична држава, ДА за мултиетничка Македонија, ДА за заедничка Македонија. Ве поканувам овие наши ултимативни барања да ги повториме преку нашето присуство, преку силината на нашите срца…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top