| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите

Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски, пишува Макфакс.

„Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот. Успеавме да направиме поголем број реформи како предуслов и спроведовме фер избори. Малкумина веруваа дека ќе надминеме се по патот. На крајот, потребна ни е само уште јасна иднина во ЕУ“, истакна Попоски, одговарајќи на прашања од земјите членки на ОБСЕ поврзани со изгледите за надминување на политичката криза, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во Регионот и изгледите за интеграција во ЕУ.

Заменик претседателот на Владата во Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на седница на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа што се одржа во четврток во Виена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top