| четврток, 6 декември 2018 |

Од зависник до творец на Кока Кола: Трагедија во позадината на откритието на најпознатиот бренд на светот!

Џон Пембертон, творецот на веројатно најпознатиот бренд  на светот, се борел со зависност поголем дел од неговиот живот.  Во еден момент, оваа зависност донесе до откритие на Кока Кола.

Менаџерката на маркетинг компанијата „Кока Кола“, Венди Кларк, во една прилика напишала за човекот кој го открил овој пијалак дека тој бил „фармацевт кој сакал да направи еликсир кој ќе ги освежи луѓето, ќе им даде енергија  и ќе ги  усреќи“. Иако оваа намера е крајно позитивна, мотивација зад ова откритие има малку поинаква позадина.

Приказната за настанокот на овој пијалак почнува кон крајот на 19 век и го следи докторот Џон Стит Пембертон, робовладател кој се занимавал со медицина и се борел на страната на Југот во Американската граѓанска војна.

Пред Пембертон да му се приклучи на Џорџијански трет коњички баталјон, за животот заработувал како хемичар и фармацевт. Завршил медицински факултет во Макон во Џорџија и бил овластен практикант на Томсонијанска медицина која се потпирала на принципите на ботаника и треварство во цел чистење на телото од штетните токсини.

Како и денес, барем на Западот, многумина го набљудувале овој вид на медицина со недоверба и сомнежи. Меѓутоа, Пембертон продолжил со својата пракса се додека не ја заработил дипломата за фармацевт пред  да избие граѓанската војна во 1861 година.

Во битката во Колумбус во април 1865 година, добил повреда од сабја на градите од која за малку ќе умрел . Иако оваа војна за него била готова, втората само што почнала. За да остане жив, негувателите му давале морфиум за да ги ублажи болките што резултирало со тоа да стане зависник.

Потпирајќи се на знаењето кое го стекнал изминатите години, Џон ја почнал потрагата по лек за својата зависност. Почнал да експериментира со разни тревки и билки, помеѓу кои и со лист од кока кој, како што е познато, претставува сировина која се користи за производство на кокаин.

Памбертон ги измешал листовите од која, вино и ореви од билката кола и така го направил својот прв пијалак кој го нарекол„Памбертонова кола од француско вино“. Пијалакот кој го користел за ублажување на опиумската зависност, рекламиран и како антидепресив, аналгетик и афродизијак веднаш постигнал голем успех.

 

Дваесет години по создавањето, округот Атланта го забранил производството, продажба и купување на алкохолот. За да го спаси својот производ од прохибицијата која беше на повидок, Пембертон во 1886 година го отстранил алкохолот од состојките и виното го заменил со шеќерен сируп.

Во соработка со долгогодишниот пријател Вилс Е.Венабл го сменил називот во Кока Кола и планирале тој да биде користен во медицински цели, но случајно додале газирана вода во мешавината. Наместо да ја отфрлат таа идеја, тие оваа посластица на пазарот ја претставиле како освежителен безалкохолен пијалок.

Иако Кола постигна светски успех, нејзиниот творец не помина толку славно. Поради тоа што не постоел лек за зависноста, замена на морфиум за кокаин му донесе само привремено одложување на незавидната состојба.

Повторно користел морфиум што го чинеше целосната заштеда и здравјето. Покрај тоа,промената на медицинскиот еликсир во безалкохолен пијалак на почетокот не поминала така добро што го принудило Пембертон да ги продаде правата на својот изум на разни бизнис партнери само за да може да состав крај со крај.

Џон Пембертон починал како зависник и без долар во џеб во 1988 година од последици на стомачен тумор. Неговите  акции во компанијата Кока Кола, единственото што му останало, ги наследил неговиот син Чарлс. Тој исто така бил опиумски зависник и починал само чест години по неговиот татко и не дочекал да ја види огромната популарност и успехот кој Кока Кола го стекнала ширум светот само неколку години потоа.

(newsweek)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top