Во Северна Кореја расте побарувачката на Кока Кола, а шишињата кои се полнат во Кина го наоѓаат својот пат до елитата и ексклузивите продавници во престолнината, Пјонгјанг.
Овде елитата и средната класа уживаат во освежителниот пијакол.
Северна Кореја и Куба се единствените држави во кои компанијата Кока Кола официјално не работи, вели директорката за комуникации на компанијата Ен Мур. Американската компанија наведува дека таквата ситуација се должи на санкциите кои се воведени кон тие држави.
Кока Кола од Кина може да се најде и во меѓународните хотели кои ги посетуваат мештаните кои можат да си дозволат високи цени, туристите и бизнисмените, главно од Кина. Пепси ретко може да се види.
Кока Кола која се служи во локалните ресторани и продавници каде поголемиот дел од типичните севернокорејци пазаруваат, веројатно е локална имитација, иако од далеку мошне потсетува на вистинската.
Локалните имитации во амбалажа од 1,25 литри имаат ист облик како автентичната Кока Кола, со лента во црвена боја и специфично капаче, но наместо кинески фонетски карактери, обично пишува „сладок газиран пијалок со вкус на какао“.
На налепницата се наведува адреса и телефон на компанијата која го произведува пијалокот, Вонгбонг, Трејдинг, но „Асошиетед прес“ не успеал да добие било каков коментар, бидејќи таквите телефонски броеви се достапни само за мрежата внатре во Северна Кореја.
Како што наведува „Асошиетед прес“ вкусот „не е лош“, пијалокот е газиран и речиси идентично изгледа како вистинската Кока Кола. Според нив, секој љубител на овој пијалок би рекол дека станува збор за добра копија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит