| четврток, 6 декември 2018 |

„Кока-Кола“ со ново „селфи шише“ (фото)

1

Кока Кола се насочува кон корисниците на социјалните мрежи и го претстави специјалното „селфи шише“, кое овозможува да се прават фотографии, додека се пие газираниот пијалок, пишува „Business Insider“.

Создадена од Кока Кола Израел, идејата за дизајнот на шишето се појавила откако производителите забележале празнина на пазарот за иновативни пијалоци. Шишето е создадено од „Gefen Team“ за кампањата на „Coca-Cola Summer Love“, најголемиот настан на отворено на брендот во Израел.

coca-cola-selfie-bottle_650x400_51479468420

Селфито може да се сподели на Snapchat, Facebook и Instagram.

 

– Корисниците можат да се тагнат себе и пријателите на фотографии на социјалните мрежи на Кока Кола. Така тие ќе бидат уште поактивни за време на настанот, знаејќи дека можат да ги споделат своите посебни моменти додека го пијат омилениот напиток, забележуваат од компанијата.

Производот, кој во основата е опремен со вградена камера, се предлага со сензор, кој детектира кога шишето е свртено на 70 степени. Во тој момент камерата се вклучува и прави фотографија на сопственикот на шишето додека пие.

„Gefen Team“  има долга соработка со Кока Кола и е творец на бројни интересни уреди, вклучувајќи ги и „социјален робот“ кој им овозможува на тинејџерите од далечина да присуствуваат на фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top