Мухамед Зекири, функционер од СДСМ, вчера во телевизиска дебата со Изет Меџити од ДУИ открива дека СДСМ се согласил со сите точки од тиранската платформа. Тоа го потврди и Меџити, кој на прашање дали од ДУИ се согласиле со СДСМ, тој вели „Да, за сите точки! За сите точки без исклучок!“
Зекири веднаш потоа ја потврдува информацијата на Меџити.
-Ние сме кажале дека СДСМ нема никаков проблем со декларацијата, сега стана позната како платформа. Со декларацијата со барања во завршна фаза сме со преговорите, нема што да криеме од граѓаните – потврдува Зекири.
За потсетување, во тиранската платформа се бара изедначување на албанскиот и на македонскиот јазик, тој да биде официјален јазик во државата, како и низа други барања кои навлегуваат во унитарниот карактер на државата. Со платформата од Тирана се бара и македионскиот народ да се самопрогласи за геноциден, заради наводен геноцид врз Албанците во период од 1912 до 1956 година, што според сите историски факти не се случило.
Оттука, јасна е интенцијата на Зоран Заев, со партискиот прес каде наводно беше презентирана владина програма, повторно да се излаже јавноста, но и со лага да се премости пречката за добивање мандат за формирање влада од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)