| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ денеска поднесува иницијатива за седница на Собранието

sdsm stab 2 (Custom)

СДСМ денеска поднесува инцијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател на законодавниот дом.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски треба да го закаже нејзиното продолжение. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

Деновиве се водат интензивни партиски разговори меѓу високи претставници на новото парламентарно мнозинство, кое чека мандат за состав на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top