| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Ако не се официјализира албанскиот јазик во првите 100 дена, ќе го блокираме Парламентот (ВИДЕО)

Зијадин Села, кој во изминативе денови ја скандализираше јавноста со ставови дека не го признава македонското знаме и химна па се до шокантната изјава дека македонците пред сто години не постоеле. Вчера во емисија на Алсат М повторно истапи со своите антидржавни и антиуставни изјави и ставови.

„Ако нема закон, еве ти ја кажувам вистината. Бидејки немаме 2/3 од гласовите, зборувам за мојата вистина на политичкиот субјект кој го претставувам. Ако нема закон кој ќе го искористи во максимум уставното право за употреба на јазикот, нема да ја има моја поддршка ниту владин состав. Каква поинаква вистина сакаш ? Со констатирање дека не се откажуваме од уставните измени.“ Изјави Села.

Според Села доколку во првите 100 дена од новата Влада не се изгласа албанскиот јазик за официјален јазик Албанците ќе го блокираат Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top