| четврток, 6 декември 2018 |

Седум години од злосторството: Зошто Филип навистина ја уби Ксенија?

Пред точно седум години на овој ден, манекенот Филип Каписода во станот на ул.„Никшичка“ бр.6 во Белград, со пиштол ја уби пејачката Ксенија Пајчин, а потоа и самиот си го одзеде животот.

Тие двајца константно беа на граница помеѓу љубовта и омразата. Нивната врска имаше фатален исход, а едно без друго не можеле, пишуваат денеска српските медиуми.

Ksenija Pajčin 20100317_alo_gvozden rakic_zlatibor_Di002152133_preview_1000x0

Љубов на прв поглед била таа меѓу пејачката и десет години помладиот манекен, кои се запознале на плажа во Црна Гора и веднаш се засакале.

Пејачката и нејзиното момче имале посебна хемија и страст, но и проблеми и судири за кои немало решение. Кога биле заедно, се било во најдобар ред, но кога тој останувал во Цетиње, а таа се враќала во Белград, почнувале проблемите. Како што се зборуваше, причините за сите тие недоразбирања и кавги била љубомората која една од најубавите двојки од овие простори ги однесе во трагична смрт.

22730_ksenija38-foto-gvozden-rakic_orig

Според една верзија, до крвопролевањето дошло поради патолошка љубомора и различните животни ставови. Во друга верзија, пак, се тврди дека Ксенија сакала кариера, додека Филип сакал да засноваат семејство и дом.

ksenija

На крајот Филип ја уби Ксенија во нејзината 32 година, а потоа изврши самоубиство.

-Ксенија имала облечено јакна, што значи дека била подготвена за излегување. Тоа што телото  го пронајдовме во ходник покажува дека Филип ја стигнал на самата врата. Во прилог на таквиот заклучок зборува и тоа дека тој бил само по маичка и фармерки, што значи дека немале план заедно да излегуваат. Очигледно е дека тој се обидел да ја сопре, а кога не успеал да ја спречи и испукал куршум во глава – се наведува  во најверната реконструкција на настанот.

6733_img-0728_af

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top