Килијан Мбапе е фудбалерот за кого допрва ќе се слуша на врвната фудбалска сцена откако тинејџерот на Монако беше во елемент и при вечерашниот фантастичен триумф над Манчестер сити. Токму со голот на Мбапе „кнезовите“ го отворија резултатот и ја најавија победата, а мора да се истакне дека младиот Французин со тој погодок си обезбеди место во историјата на Лигата на шампионите.
Имено, Мбапе стана најмладиот стрелец на два натпревари од двомеч во нокаут фазата од ЛШ, откако три седмици претходно беше стрелец и на првата средба во Манчестер. На Мбапе тоа му успеа на воззраст од 18 години и 85 дена, што е далеку пред досегашниот рекордер Никола Анелка (21 година и 56 дена) и пред Вејн Руни (21 година и 168 дена).
Со вакви настапи, не е никакво изненадување што понуди за новото француско „чудо од дете“ подготвуваат Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси и Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.