Завчера кумановецот А.С. со пасошот во раце отишол во Полициската станица во Куманово наводно со намера да пријави престој.
На влезот на станицата се обратил на дежурниот полициски службеник и прашал каде треба да пријави престој, на што службеникот му одговорил дека тој е македонски државјанин и дека воопшто нема потреба да се пријавува, по што кумановецот извадил нож и го нападнал полицаецот. Полицискиот службеник успеал да се одбрани и му го одзел ножот и со помош на останатите колеги од дежурната служба успеале да го совладаат нервозниот кумановец, по што истиот веднаш бил приведен.
Кумановската полиција против А.С. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на безбедноста и е спроведен до Основното јавно обвинителство во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



