Во реванш дуелот на „Висенте Калдерон“ играчите на Атлетико Мадрид рутински го одбработија мечот (0-0) играјќи на резултат од првиот меч кој го добија на гостински терен кај Баер Леверкузен со 4-2.
Избраниците на Диего Симеоне знаеја како да ја сочуваат предноста и со нивната препознатлива игра со пресинг на целиот терен не дозволија никакво изненадување пред своите гледачи.
Фармацевтите“ многу почесто се наоѓаа во шеснаесетникот на Облак, но не успеаја да сторат нешто повеќе. Напротив, просторот што го оставија зад себе беше умешно користен од страна на избраниците на Симеоне, кои имаа два одлични шутеви на Кореа и на Коке кои Лено успеа да ги исфрли во корнер.
Во ниско темпо мина и второто полувреме, во кое Облак го спаси Атлетико од водство на противникот, откако словенечкиот голман имаше две извонредни интервенции во една иста акција, запирајќи ги ударите на Брант и на Фоланд. Чуварот на мрежата на Атлетико беше најзаслужен што натпреварот заврши 0-0 бидејќи до крајот на натпреварот имаше уште неколку сигурни одбрани при обидите од далечина на гостинските фудбалери.
Севкупно гледано, Атлетико во потпросечен натпревар рутински си ја одработе задачата и се пласираше во четвртфиналето, но „фармацевтите“ покажаа низа позитивни работи со кои германскиот прволигаш може да очекува излез од кризата во која се најде во досегашнит дел од сезонава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.