| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку илјади струмичани му порачаа на Заев: Да се отфрли тиранската платформа, да се зачуваат темелите на државноста!

Пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и против двојазичност испратија од Струмица група граѓани кои се собраа под иницијативата „За заедничка Македонија“.

strumica-4-1-640x480

На собирот беа испратени пораки за отфрлање на „тиранската платформа“ и залагање за зачувување на темелите на државноста.

strumica-5

Претставниците на земјоделците истакнаа дека Македонија е државата во која последните 11 години фармерите станале партнер во државата и оти драстично е подобрена положбата на земјоделецот, преку исплаќање субвенции и други бенефиции.

Неколку илјади се приклучија на протестната колона која се движеше од плоштадот преку зградата на Комуналец и преку зградата во која живееше семејството на Зоран Заев и пак се вратија на плоштадот. Голем број знамиња, испишани слогани и запалени бакли го следеа овој мирен марш.

strumica-3-1-768x1024

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top