| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Само крајот на светот” кој освои Гран-при во Кан доаѓа во домашните кина на 16 март

Филмот „Само крајот на светот” кој освои Гран-при лани во Кан доаѓа во домашните кина на 16 март. Ова е првиот Доланов филм во кој покрај Канада финансирала и Франција и прв во кој главните улоги  се доделени исклучиво само на француски глумци. Премиерно беше прикажан во рамките на главното натпреварување на 69. Кански филмски фестивал лани.

unnamed (1)

Остварувањето кое е адаптација од претставата на Жан Лук Лагарс, говори за младиот, Луис, кој после дванаесет години се враќа во своето родно место, за да соопшти на неговата фамилија дека наскоро ќе умре. Наместо целата ситуација да ја зближи оддалечената фамилија,  во домаќинството ќе се пробуди силна емоција и секој ќе реагира на таа вест на свој начин.

unnamed (2)

Импресивната актерска екипа укажува добар филм, пратејќи тешка приказна. Во филмот глумат Винсент Касел, Марио Котилард, Лија Сејду, Натали Бај и Гаспар Улијел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top