Севилја доживеа елиминација од англискиот премиерлигаш Лестер во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето во Англија со 2-0. Тренерот на шпанскиот тим, Хорхе Сампаоли, смета дека Севилја не заслужила елиминација, а како кобни ги посочи промашените пенали на Кореа и на Нзонзи, по еден на двата меча против Лестер.
– Голманот на Лестер бранеше многу добро и на двата натпревари, успеа да одбрани два пенали. Мислам дека тоа го одлучи двомечот. Но, ние дефинитивно не заслуживме да бидеме елиминирани според прикажаната игра. И со десет фудбалери игравме пред нивниот гол, но, за жал, не успеавме да постигнеме погодок. На првиот меч имавме многу шанси, но исто така затаивме во реализацијата – изјави Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.