| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис викенд во „Јавна соба“: Младите дизјанери ќе учат како да ги продадат своите производи

Во период од 17 до 19 март, Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде центар за размена на деловно – практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и маркетинг експерти кои имаат огромно практично  искуство кое им е нужно на младите претприемачи од Македонија.

Програмата e  целосно насочена им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.
Настанот е отворен за јавноста, влезот е слободен за време на предавањата, а програмата нудии дополнителна можност за „тет а тет“ средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата („Србија Телеком“, „Просторија“, „Гир“) и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.

Настанот „Дизајн што продава“ е во организација на „Јавна соба“ и „Grow up Academy“, и е  поддржан од страна на „Swiss Contact“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top