| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пех за Тотенхем, Хари Кејн ги повреди лигаментите и го чека долга пауза

hari kejn

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, го очекува подолга пауза од фудбалските терени по повредата што ја заработи на неделниот дуел со Милвол во ФА Купот на Англија. Деталните прегледи само ги потврдија стравувањата на „спарси“ дека станува збор за проблем со лигаментите во скочниот зглоб.

Како што јавуваат од лекарскиот тим на лондонскиот клуб, повредата е многу слична на онаа од септември, по која Кејн паузираше неполни два месеци од терените, а во негово отсуство Тотенхем славеше само на два од петте премиерлигашки натпревари.

Во таборот на Тотенхем се надеваат дека тој ќе може да настапи на последните две средби од сезоната, но шансите за такво нешто не се премногу големи. Во секој случај, отсуството на Кејн ќе биде огромен проблем во клучниот дел од сезоната, во кој „спарси“ ги очекува битка за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top