Со приклучување на глобалната кампања за градење „Подобар дигитален свет“ која промовира пристап, партиципација и иновација кои се полезни за потрошувачите, економијата и општеството, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска ќе го одбележи Светскиот ден на правата на потрошувачите.
Во одбележувањето на Светскиот ден на правата на потрошувачите се вклучени и Министерството за економија и Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје.
Организациите на потрошувачи од целиот свет, во соработка со Светската организација на потрошувачи ќе се обединат со една крајна цел: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.