Повеќе од половината или 64% од потрошувачите приклучени на централниот систем за топлинска енергија на БЕГ имаат голема доверба во компанијата, покажува последното истажување на мислењето на потрошувачите. Истото истражување, спроведено по повод годинешното одбележување на Меѓународниот ден на правата на потрошувачите, покажува дека високи 80% од анкетираните сметаат дека квалитетот на услугите на „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ е одличен или многу добар, а приближно ист е и процентот на задоволство од односот на вработените во компанијата. Сепак, околу една петина од анкетираните потрошувачи се изјасниле дека сè уште доволно не ги познаваат своите права и обврски во поглед на услугите што ги нуди „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.
За да понуди нови и дополнителни можности за потрошувачите, „Снабдување со топлина Балкан енерџи“ преку новата интернет страница овозможува брз и ефикасен канал за комуникација со Центарот за грижа на потрошувачи. Истовремено, преку интернет странцата, компанијата на потрошувачите им овозможува директно да пријават дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греењето, да извршат увид и плаќање на сметките (фактурите) преку услугата BegEPay, да добијат информации и совети за поголема енергетска ефикасност, заштита и одржување и сервис на грејната инсталација.
Една од главните новини на интернет страницата на компанијата е Калкулатор за потршувачка на топлинска енергија. Оваа алатка овозможува потрошувачите да направат индикативна пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење, со што секој може лично да се провери кои се предностите на одреден тип на греење.
„За нас како кориснички ориентирана компанија, која нуди услуга од јавен интерес, од приоритетно значење е нашите потрошувачи да добијат брза и навремена информација за сите услуги што ги нудиме. Токму затоа постојано работиме на унапредување на нашите сервиси кои се прилгодени на навиките и потребите на современиот начин на живеење. Со новините за нашите потрошувачи, освен што овозможуваме брз пристап до информациите и сервисите поврзани со нашата компанија, истовремено нудиме и едукација за придобивките и поволностите од користењето на топлинската енергија. На тој начин веруваме дека ќе придонесеме кон натамошно унапредување на степенот на корисничко искуство и задоволство на потрошувачите од нашите услуги“, велат од „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.
Сите овие поволности што ги нуди новата интернет страница претставуваат големо олеснување за потрошувачите, затоа што им овозможуваат ефективна заштеда на време и средства со тоа што тие повеќе не мора да доаѓаат во подружниците на БЕГ за да добијат одредена информација или услуга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потрошувачите ќе може да бараат обесштетување за прекини во снабдувањето со струја
-
БЕГ и во наредната сезона ќе дистрибуира топлинска енергија во Скопје
-
Поради најавата за пад на температурите, БЕГ утре ќе ја почне грејната сезона
-
БЕГ: Станарите и куќните совети да обезбедат услови за почеток на грејната сезона