| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер ја изненади Севилја, ја порази на „Кинг Пауер“ и се пласираше во четвртфиналето на ЛШ (видео)

lester 1

Во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите, фудбалерите на Лестер Сити на својот „Кинг Пауер“ ја пречекаа Севилја и на крајот ја совладаа со 2-0 и обезбедија историски пласман во четвртфиналето. Првиот натпревар одигран во Шпанија заврши со победа на Севилја од 2-1.

Гостите уште на стартот на натпреварот имаше шанса преку Насри, но Шмајхел го одбрани неговиот удар. Во 15. минута гостите повторно се заканија овојпат од слободен удар, но Рами биеше непрецизно.

Лестер делуваше безопасно се до 27. минута, кога Ријад Марез прекрасно центрираше од слободен удар, а Вес Морган го совлада Рико за водство од 1-0. До крајот на првиот дел повторно се играше мирно и без некоја поголема шанса за погодок.

По паузата фудбалерите на Сампаоли се обидуваа да наметнат свое темпо на игра, а во 52. минута Ескудеро прекрасно биеше, но топката ја погоди само стативата. Казната за тоа стигна многу брзо, откако само две минути подоцна Лестер Сити по голот на Олбрајтон поведе со 2-0.

lester

Во продолжение гостите од Андалузија ја имаа иницијативата, но без да направат некоја посериозна шанса пред голот на Лестер. Во 74. минута Самир Насри заработи втор жолт картон по караница со Варди, но и покрај тоа само пет минути подоцна гостите имаа шанса од пенал за враќање во натпреварот, но Шмајхел го одбрани ударот од белата точка на Нзонзи (Шмајхел одбрани пенал на Кореа во првиот натпревар). Данецот го фаулираше Витоло и доби жолт картон.

 

Во 83. минута Даниеле Росато го исклучи и тренерот на Севилја, Сампаоли поради претерани протести (прв тренер кој двапати е исклучен во една сезона во ЛШ). До крајот фудбалерите на Севиља, иако со играч помалку се обидуваа да постигнат погодок барем за продолженија, но не успеаа во тоа и фудбалерите на Лестер Сити заслужено обезбедија пласман помеѓу најдобрите осум во Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top