| четврток, 6 декември 2018 |

Дали оваа жена и го растури бракот на Наташа Беквалац?

ната

Изминативе денови, една од жешките теми во медиумите е разводот на поп-пејачката Наташа Беквалац и бившиот ракометар Љуба Јовановиќ. Според шпекулациите, до разводот дошло поради наводната прељуба на Љуба, а од истата причина пејачката се разведе и од првиот сопруг, бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ – Дача.

Имено, иако во 2008-та година повеќето мислеа дека драмата што ја доживеаја по тешката сообраќајна несреќа на Дача ќе им ја зацврсти љубовта која ќе трае вечно, убавата Наташа и Икодиновиќ одлучија да се разведат, и тоа поради атрактивната стоматолошка сестра од Нови Сад, Милица Дражин.

ната2

Како што пишуваа медиумите, Наташа за врската на својот сопруг и споменатата стоматолошка сестра дознала од својата братучетка Јелена Мркиќ. Како што обично се случува, Милица цело време и’ била „пред носот“ на пејачката, бидејќи редовно го посетувала козметичкиот салон на нејзината постара сестра Драгана Беквалац, но и ресторанот на Дача „Така е судено“.

По аферата со Икодиновиќ, Милица се омажи, додека, пак, Дача почна љубовна врска со одбојкарката Маја Огњеновиќ со која вплови во брачните води на 31 декември 2016 година.

ната3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top