| четврток, 6 декември 2018 |

Народот сè погласен во барањата за отфрлање на Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска 16-ти ден организираше протест во Скопје за зачувување на унитарноста на Македонија и за отфрлање на „тиранската платформа“.

1-27-768x512

– Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Не дозволувам да кажува дека не се слика со македонското знаме, она знаме кое јас гордо го носам ширум Европа со моите деца со моите борци, истакна претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.

3-24-768x512

Од името на моите борци, додаде Ацевски, ве поздравувам и да успееме во нашата борба.

4-20-768x512

Вечерва на протестот учествуваше и првенецот на Македонската опера и балет, Цветан Стојановски, кој повика да се закитат балконите со македонското знаме за, како што рече, „да видат колку сме“.

5-24-768x512

– Браќа и сестри не плашете се да се закитите со најубавите бои на светот – црвената и жолтата, рече Стојановски.

7-18-768x512

Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва даде и Боксерскта федерација на Македонија“. Селекторот на боксерската репрезентација, Мирко Ристески рече дека сите треба да имаме една иста цел, да се бориме за Македонија.

9-15-768x512

– Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние како спортисти од Боксерската федерација на Македонија им порачуваме на другите, дали политичари, дали обични граѓани, нека се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме, рече Ристески.

10-12-768x512

Во боксот и во другите спортови, како што посочи, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми… – Сите се почитуваме и затоа и сите треба како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци, порача Ристески.

13-10

Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вечерва организира протести уште во 30-тина други градови во Македонија.

14-7-768x464

16-6-768x510

18-4-768x512

19-3-768x512

20-3-768x512

zname-9

21-3-768x512

22-4-768x512

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top