| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани порачаа: Ќе маршираме по улиците се додека политичарите не ја отфрлат тиранската платформа

гев

Гевгеличани ќе маршираат по улиците за да го изразат својот гнев и револт се додека политичарите не се откажат и не ја отфрлат тиранската платформа која има цел да ја разнебити Македонија, беше порачано од вечерашниов протестен марш во Гевгелија за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Со цитирање на делови од Македонскиот манифест напишан во 1881 година, гевгеличани порачаа дека ќе останат на браникот за да ја одбранат својата света земја од сите што сакаат да ја редефинираат,делат и присвојуваат.

– Ги повикувам сите чесни граѓани на нашата земја да ни се придружат. Ги повикувам и албанците да дојдат со нас и да продолжиме како и до сега да живееме затоа што подобро е да живееме и пееме заедно отколку да се гледаме преку нишан, рече Биљана Ганди.

Гевгеличани му дадоа безрезервна поддршка на претседателот Ѓорге Иванов да ги употреби сите свои ингеренции за зачувување на унитарноста на државата и да не го дава мандатот на оние кои имаат единствена цел да ја редефинираат Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top