| четврток, 6 декември 2018 |

„Свети Герман“:Трифун Костовски да престане да одработува за туѓи агенди и интереси

герман

Здружението на Македонците по потекло од Егејот – свети „Герман“ остро го осудува чинот кој, како што посочуваат оттаму, го дели, подрива и распарчува македонското национално ткиво и бараат Трифун Костовски да престане да одработува за туѓи агенди и интереси.

– Кога некој ќе изгради божји храм мислиш дека ја сватил животната поуката, која ако ништо друго доаѓа со годините. Но не било така! Однесувањето на некои луѓе е непоправливо. Интересот е вечен, општо е познато. Господинот Трифун Костовски  со својата изјава го гледа само својот интерес. Такви се умовите/матриците кои немаат сознание за татковина и за браќа по род. Години наназад се изнаслушавме и добри и лоши стории за Македонците од егејскиот дел на Македонија. Сретнувавме личности кои не ја знаеа голготата на своите браќа по род. Сепак,  откако ќе слушнеа што се им се случувало на нивните браќа и сестри, ја прифаќаа вистината на Македонците по потекло од Егејот, ја прифаќаа вистината, која ја доживеале нашите родители, баби и дедовци, се вели во соопштението на Здружението.

Доколку некој не знае, велат оттаму, простено нека му е, но ако знае и продолжува понатаму,  тоа е само до неговата лошо позиционирана матрица.

– Mакедонците од егејскиот дел на Македонија ја доживеаја гологотата на Граѓанската војна во Грција. Беа протерани, и знаат што значи физички да те избршат од својата земја, од родните огништа и затоа така жестоко ја бранат својата татковина Република Македонија. Македонците од егејскиот дел на Македонија секогаш биле и ќе бидат вградени во македонското општество и секогаш  ќе го бранат и чуваат генот македонски. Во миговите кога некој се обидува да го избрише името и родот македонски, за Македонците од егејскиот дел на Македонија немаше дилема дали треба да се излезе и да се протестира. Секој оној кој не е свесен дека во овие мигови се работи за разнебитување и збришување на се што е македонско, многу се лаже себеси, но се обидува да ги излаже и сите други Македонци, велат од Здружението на Македонците по потекло од Егејот – свети „Герман“.

Велат дека Македонците од Егејска Македонија најдобро знаат што значи тоа кога некој сака да те избрише, откорне и протера.

– Токму затоа не сакаме тоа да го види и почувствува македонскиот народ во својата, денес, единствена татковина. Неприродната поделба на Вардарци, Пиринци, Егејци и Горанци, му носела и му носи штета на македонскиот народ. Но за жал тоа не е важно за господинот Костовски. За жал кај господинот Костовски никако да се разбуди патриотското чувство.  Ова е за осуда. Крајно себично, непромислено, срамно, ниско и нечовечки. Има само една вистина. Има Македонци, кои постоеле и ќе постојат, се вели во соопштението од ова Здружение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top