| четврток, 6 декември 2018 |

И поранешниот репрезентативец Тони Мицевски со поддршка „За Заедничка Македонија“

тони

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Тони Мицевски, кој има 43 настапи во црвено-жолтиот македонски дрес, даде поддршка за Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.

-На ова парче земја има место за сите. Без разлика на вера и националност, да се почитуваме и сакаме – поречува Мицевски.

Мицевски македонскиот национален дрес го носеше од 1993-та до 2002-ра година, при што забележа 43 настапи и постигна 4 погодоци. Во македонскиот шампионат ги бранеше боите на Пелистер и Победа, но исто така имаше и забележителна интернационална кариера настапувајќи за германските клубови Енерџи Котбус и Ханза Рошток, како и уште неколку други клубови од Германија.

Мицевски е само уште еден во низата поранешни фудбалски репрезентативци кои дадоа поддршка на Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top