| четврток, 6 декември 2018 |

Миланскиот обвинител бара затвор за Долче и Габана

dolce gabana

Обвинителството во Милано сака да постигне двоиполгодишна затворска казна за италијанското дизајнерско дуо Доменико Долче и Стефано Габана, за наводно избегнување плаќање даноци од по 416 милиони евра и за непријавување 1.000 милијарди евра приход кај даночните власти.

Дизајнерите ги негираат обвинувањата за нив, а пресудата се очекува на крајот на месецов.

Пред две години судскиот случај за даночно затајување и измама против нив двајца беше отфрлен. Врховниот суд на Италија одлучи дека тие не може да бидат гонети за измама, но дека би можело да бидат тужени за даночно затајување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top