По завршувањето на последниот четвртфинален двобој, фудбалската федерација на Англија ги одреди и полуфиналните двојки во Купот на ФА. Оваа сезона дефинитивно ќе има нов победник по елиминацијата на Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“.
Челси ќе се сретне со Тотенхем во лондонски дуел, додека Арсенал ќе ги одмери силите со Манчестер сити. Двата полуфинални натпревари ќе се одиграат на стадионот „Вембли“, на 22 и на 23 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.