| четврток, 6 декември 2018 |

Изберете плочки наместо паркет

Керамичките плочки неправедно се потценети како декоративен елемент во домот. Многумина, за жал, сѐ уште ги доживуваат како функционален материјал за прекривање, иако можат да бидат дел од дизајнот или архитектурата на просторот.

Сте ја замислиле ли дневната соба обложена со плочки? Веројатно не, особено ако не живеете на море. Навикнати сме дневните соби, спалните да бидат обложени со тепих, етисон, паркет или некој друг материјал, а пак бањите, кујните и терасите со плочки. Ако дрвото му дава топлина на просторот, керамиката му дава сјај и елеганција.

Ако имате централно подно греење – не двоумете се, изберете керамика. Бојата на плочките која варира од дрво до кожа, начинот на комбинирање на големините и шарите не можат да се најдат кај други материјали, а време е и мозаикот од бањата и кујната да се премине и на ѕидовите во дневната соба. Мозаикот кој доминира со просторот го прави ентериерот динамичен и оригинален.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top