| четврток, 6 декември 2018 |

Дибала: Посакувам да постигнам гол против еден од најдобрите голмани во историјата

dibala

Јувентус е на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите по триумфот од 0-2 на првиот меч во Португалија против Порто, а во таборот на „старата дама“ најавуваат дека нема да тактизираат на вечерашниот реванш во Торино. Пауло Дибала го постигна победничкиот гол на петочното дерби со Милан, Аргентинецот и сезонава е еден од лидерите на италијанскиот првак, а сега пред себе има зацртано нова цел – да му даде гол на Икер Касилјас.

– Икер Касилјас е еден од најдобрите голмани во светот во последните дваесетина години. Не сум имал многу шанси да играм против него и дефинитивно сакам да му дадам гол, тоа би било прекрасно. Предноста од 2-0 од првиот меч ни дава одредена доза на мир, но од друга страна свесни сме дека Порто има силен тим што никако не смееме да го потцениме. Мораме да внимаваме во одбраната бидејќи со еден примен гол би можеле да си ја искомпликуваме судбината – изјави Дибала.

Аргентинецот повторно е најавен како стартер во тимот на „старата дама“, заедно со Квардадо и Игуаин во навалната линија, додека неизвесен е настапот на Марио Манџукиќ, кој се повреди при загревањето пред дербито со Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top