И вечерва граѓаните на Кавадарци дадоа поддршка на иницијативата За заедничка Македонија и се приклучија на протестниот марш.
Пред присутните говореше Марија Попова Шандаров, дефектолог. Таа рече дека и овој ден Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија испраќа порака до сите политички партии, а најмногу до најголемата опозициска партија, да не се прифаќаат никакви платформи договорени во други држави, а неизгласани од граѓаните на Република Македонија.
– Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија има едно и единствено барање, а тоа е зачувување на ова парче земја, зачувување на нашиот јазик, нашата нација за која нашите претци се бореле со години, нагласи таа меѓу другото во своето обраќање.
Притоа апелираше, дека нема да подлегнат на, како што рече, ниту една манипулација, или обид „на мала врата да се протнат работи кои албанските партии ги договориле во Тирана, а СДСМ ги прифатила”.
– Сакаме да градиме мултиетничка, а не бинационална држава, нагласи таа, повторувајќи дека јасно и недвосмислено бараат целосно да се отфрли платформата направена во Тирана. Рече дека ќе останат на улица, се до целосното исполнување на нивните барања.
Протестен марш ќе се организира и утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)