Никогаш не сум планирал да се занимавам со политика, но кога сите линии се поминати освен црвено-жолтата, не може да се избегне од неа, вели професор доктор Никита Шекутковски од природно математичкот факултет при УКИМ.
-Браќа и сестри македонци, драги наши сограѓани чија што татковина е Република Македонија, сум ја имал таа среќа да родам во Република Македонија и да се школувам на македонски јазик, не сум мислел да се бавам со политика, туку сум сакал да го работам она што го знам, но изгледа дека не можете избегнете од неа, што ќе направите ако сите линии се поминати и остане само црвено-жолтата, ќе дојдете овде, затоа сум овде пред вас, цели Шекутковски.
Тој вели дека Македонија на научно поле им помага доста на соседите од Косово и Албанија и дека за тоа треба да добиеме благодарност.
-Јас сум професор, имам свои студенти, сега мои соработници, знам дека имам од нив член на СДСМ, симпатизери на ВМРО и еден помлад колега Албанец, соработуваме. Јас бев прв раководител на школа за докторски студии во Македонија, школа што мора да ја завршите за да станете професор на некој факултет. Таму имаме многу студенти од Македонија од сите универзитети, имаме и студенти од Косово, ни се јавуваат и од Албанија за да дојдат. Наместо да оваа образовна дејност што ја вршиме во Македонија, да стигне на благодарност во Македонија, сакаме благодарност и од Еди Рама, посебно до Хашим Тачи, вели Шекуткоски
Тој вели дека место благодарност ние имаме основно непочитување на нашата држава.
Ние имаме основно непочитување кон Македонија, кој век сме сега. Меѓутоа да не се лажеме ова непочитување доаѓа од односот на големите сили кои и во минатото го имале према нас, големите сили кои решавале за Македонија и во минатото, во прв ред ќе ги ставам Германија и Франција, кои и денеска седат во советот за безбедност на ОН, со право на вето, не ја признаваат македонската држава и не не пуштаат во ОН да влеземе со уставно. Со што сме го заслужиле ние тој однос према нас, со што сме различни од Бугарија, од Србија. Сите модерни држави се базирани на некои древни племиња кои живееле: Бугари, Срби, Хелени. Денешната бугарска нација го нема јазикот кој го имала древното племе Бугари, туку го има словенскиот. Со што сме го заслужиле тоа, навистина не ми е јасно, нашата држава е формирана малку покасно, со Асном 1944 година и со референдумот 1991 година, но ако некој мисли дека името Македонија не е соодветно нека повели во Археолошкиот музеј, нека повели нека види колку артефакти се пронајдени во музејот и тоа не територија на древна Македонија.
Професорот Шекуткоски се осврна и на тешката и мачна историја на Македонија.
Формирани сме 1944 година затоа што не ни дале претходно автономија, 1888, 1903 го игнорирале востанието, никој ништо не ни дал, освен една мачна историја и страдање, ако никој ништо не ни дал не може ни да земе ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.