| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Лирим Јакупи-Нацист не е на Шар Планина, тој е во домашен притвор на Косово

Лажни се информациите дека Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, велат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

„Во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“, се вели во соопштението на МВР.

Некои веб-портали деновиве јавија дека на Шар Планина е забележана вооружена група и дека ја предводи токму Лирим Јакупи-Нацист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top