За дуелот со Лихтештајн во Вадуц на 24 март, стручниот штаб на македонската репрезентација ќе биде дополнет со уште две имиња, поранешниот репрезентативец Милан Илиевски и ексстратегот на Шкупи, Висар Ганиу.
Илиевски, кој во моментов е член на стручниот штаб на Работнички, доаѓа како прв асистент на Ангеловски, а Ганиу ќе го пополни местото на Арѓент Беќири, кој стартуваше тренерска кариера на Косово.
– Илиевски и Ганиу се мои предлози за пополнување на стручниот штаб – вели Ангеловски.
Пред да биде официјално нивното именување во стручниот штаб на А репрезентацијата, најпрво предлогот на Игор Ангеловски треба да биде прифатен на утрешниот состанок на Управниот одбор на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.