Голем удар за Леонардо Жардим и Монако пред реваншот против Манчестер Сити во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите. Голгетерот Радамел Фалкао е повреден и под знак прашалник, па би можел да го пропушти дуелот наредната недела.
Колумбиецот доби шанса од клупата во победата против Бордо во франуското првенство и покрај тоа што не беше целосно заздравен од повредата. Лошата вест стигна по мечот, кога Фалкао се пожали на болки во десниот бутен мускул, што би значело негово отсуство во реваншот против англиската екипа.
Француската екипа ќе има тешка задача да ја надополни негативата од првиот меч (5-3), која од друга страна им дава поголеми шанси на фудбалерите на Пеп Гвардиола да се пласираат во следната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.