| четврток, 6 декември 2018 |

Двојните аршини сѐ поизразени: Еди Рама е добар за Македонија, Чавушоглу не чини за Холандија

„Холандија ќе ја плати цената заради нарушување на турско-холандските односи“, е пораката испратена вчера од Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, ден по серијата дипломатски инциденти меѓу двете земји, кои се излеаја и на улиците на Ротердам и во Истанбул. Во моментот дипломатските односи меѓу двете земји се во фаза на голема наелектризираност, пренесува ДНЕВНИК.

За какви последици мисли Ердоган, не е објавено, а целата ситуација е комплексна ако се земе предвид дека и двете земји се членки на НАТО, што ќе рече, тие се сојузници.

Во говор одржан вчера, Ердоган, како што пренесува весникот „Хуриет“, го осудил „срамниот однос“ кон турската министерка за семејство, на која холандските власти не ~ дозволија да влезе во турскиот конзулат во Ротердам. Дури не ~ било дозволено да излезе и од автомобилот, па неколкучасовните преговори биле водени додека Фатма Бетил Сајан Kаја била во возилото, а околу неа и обезбедувањето. По неколкучасовната тензична состојба, таа со полициски кордон е депортирана во Германија.

holand

За време на говорот Ердоган однесувањето на Холандија го споредил со „практиките на нацистите“ и како и во саботата, повторно Холандија ја нарече фашистичка држава.

– Ако сакате да ги жртвувате турско-холандските односи, вие ќе платите за тоа. И уште повеќе, ние уште не сме завршиле – рекол вчера турскиот лидер додавајќи дека Западот си го покажал вистинското лице. „Мислев дека нацизмот е мртов. Но не сум бил во право. Испадна дека нацизмот се буди на Западот“, рече Ердоган.

Од каде овој бес кај Ердоган, незапаметен во поновата европска историја? Искрењата меѓу Холандија и Турција почнаа со сета своја сериозност уште минатото лето по неуспешниот државен удар во Турција. Одговорот на Холандија до Анкара беше дека таа нема намера да ги лови таканаречените „ѓуленисти“ на нејзина почва откако властите во Турција за пучот го обвинија Фетула Ѓулен. Сега, во време кога се водат последните денови од кампањата за референдумот во Турција за уставни реформи и давање поголеми овластувања за претседателот, во некои од тие активности беше вклучен и турскиот конзулат во Ротердам. На холандските власти не само што не им се допаднале политичките активности на турскиот дипломатски претставник, туку не му дозволија ниту на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу да слета и да се приклучи на закажаниот собир. Ова е еден од клучните моменти – дали активностите на турскиот конзулат значат кршење на домашните и на меѓународните закони или не? Дали кога се во прашање активности на дипломатско-конзуларните претставништва и мисии има двојни стандарди или не? Kоја е границата кога тие ја кршат Виенската конвенција? Дали е едно политичката активност на турското ДKП во Ротердам, а сосема друга работа е политичка активност на холандско ДKП во Турција, во Македонија или во некоја друга земја? Сегашниот амбасадор на Kралството Холандија во Скопје, Ваутер Пломп, се среќава со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кому му искажува нескриена поддршка. Дали ова не е мешање во внатрешните работи, како што, на пример, Чавушоглу би се вмешал во холандските внатрешни работи, како што порачуваат од Хаг и тоа предизвикува реакции. Нели е нормално и кај Македонците да има реакција заради вмешувањето однадвор?

holandija turcija 3

Холандскиот премиер Марк Руте вчера акциите на турската влада да испратат министер во Ротердам, иако претходно им било кажано дека таа не е добредојдена, ги квалификува како невообичаени. Најголемиот проблем е, вели Руте, што турската влада постојано зборува за турски граѓани во Холандија. „Тие се холандски државјани“.

Холандските власти велат дека ситуацијата е специфична затоа што и во нивната земја се бројат последните денови пред клучните парламентарни избори, а планираниот говор на Чавушоглу пред конзулатот во Ротердам бил безбедносен ризик за јавниот ред.

Но, дипломатскиот одговор стигна од Турција – на холандскиот амбасадор во Анкара, кој во моментот е надвор од земјата, му било кажано да не се враќа. И другите дипломатски згради на Холандија се затворени, како тие во Истанбул и во Измир, на пример.

Руте: Не потклекнуваме на уцени

ISTANBUL, TURKEY - MARCH 12:  Protesters hold a large Turkish flag as they sing songs and chant slogans  outside the Dutch Consulate on March 12, 2017 in Istanbul, Turkey.  Protesters gathered outside the consulate after the Turkish foreign minister, who was scheduled to speak in the Dutch city of Rotterdam, was refused entry and his plane banned from landing. In response to the action Turkish President Recep Tayyip Erdogan speaking at a referendum rally described the Dutch as " Nazi remnants and fascists"  (Photo by Chris McGrath/Getty Images)

Во обраќањето на ТВ ВЛН холандскиот премиер Марк Руте во неделата побара смирување на состојбата.

– Никогаш не сум бил во ваква состојба – рече тој на ВНЛ, но Холандија нема да потклекне на уцени – рече Руте и додаде дека со својот колега Бинали Јилдирим во последните неколку дена за овие прашања разговарал осум пати.

Министерката врескаше додека ја ставаа во друго возило

data

Турција особено жестоко реагира за нецивилизацискиот третман на министерката Kаја, на која ѝ билпо забрането да влезе во турскиот конзулат во Ротердам. Ахмед Абутаелб, градоначалникот на тој град, изјави дека во претходни разговори му било кажано дека такво нешто нема да се случи. Kога министерката, сепак, дошла во Ротердам, полицијата ѝ забранила да влезе во просториите. По неуспешни неколкучасовни преговори, таа била извадена од возилото и ставена во холандско, со кое е депортирана во Kелн, Германија, од каде што претходно дошла.

По ова, состојбата кај конзулатот се вжештила, а присутните, кои биле речиси 1.000, почнале да фрлаат со што ќе стигнат по полицајците. Состојбата е смирена со интервенција на специјалците, кои користеле и водни топови. Меѓутоа, градоначалникот Абуталеб вели дека, иако огнот е изгасен, чадот с` уште се чувствува во воздухот.

Тој информира дека биле уапсени 12 лица, а седум лица, од кои шест демонстранти, биле повредени во безредијата.

Симнато холандското знаме во Истанбул

n_110698_1

Демонстранти го симнаа холандското знаме од конзулатот на Холандија во Истанбул како реакција на новонастанатата криза меѓу овие две земји.

Учесниците во протестот го поставија турското знаме на местото на холандското.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top