Претставник на Русија на годинешната Евровизија во Украина, е Јулија Самоилива. Таа е лице со попреченост, кое се движи во количка, но и со одличен глас, објави „Первиј канал”.
На манифестацијата што ќе се одржи во Киев, таа ќе пее на англиски, и ќе ја изведе песната „Flame Is Burning“.
Самоилова (27) е вокален изведувач, текстописец и композитор. Јавноста најмногу ја памети по тоа што настапи на отворањето на Зимските параолимписки игри во Сочи. Таа боледува од спинална мускулна атрофија.
– Музичката кариера бара огромни емоционални и физички напори… Се восхитувам на успесите на Јулија, изјави раководителот на руската евровизиска делегација, Јури Аксјута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)