| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ се разбуди од шокот кој му го приреди Барса и труимфираше во Лориент (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ се рехабилитираа од шокот во Барселона во средата, откако со победа над Лориент со 1-2 се вратија на минуст три бода до лидерот Монако во францускиот шампионат. Емери успеа да состави компетитивен тим, кој не блескаше, но со многу рутина го освои сите три бода.

Парижаните поведоа со автоголот на Жено во 28. минута од натпреварот. Реакцијата на „портокаловите“ изостана и Нкунку на самиот почеток од вториот дел на ефектен начин зголеми на 0-2. Конечните 1-2 ги постави искусниот дефанзивец Сиани кој постигна гол со глава по нафрлување од слободен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top