
И голманот на македонската ракометна репрезентација, Благојче Трајковски се приклучи кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Трајковски е само еден од многуте познати спортисти, актери и други јавни личности кои застанаа во одбрана и поддршка на унитарна Македонија и отфрлање на Тиранската плaтформа. Тие се дел од стотината илјади граѓани секој ден мирно маршираат за мултиеничка Македонија, а не за бинационална и двојазична држава.
Инаку денеска во Прилеп, како и во повеќе други македонски градови, зад граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ застанаа и 100-тина велосипедисти кои низ прилепските улици симболично ја извозија патеката на државноста. Настанот започна во 12 часот пред споменикот „Прилепски бранители” кај хотел „Липа”.
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ истакнаа дека од утре продолжуваат со своите активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“


