Тренерот на Рома, Лучијано Спалети се наоѓа во центарот на една истрага во Италија откако на неговиот имот кој e Лоциран во близина на Емполи, биле пронајдени две јагленисани тела.
По силниот ветер кој го зафатил овој регион, избил гоелм пожар, а најверојатно во него овие две лица го изгубиле животот. За сега не е познато дали можеби биле крадци или бездомници кои престојувале таму додека Спалети живее во Рим, кои упаднала на имотот и што правеле таму, но тренерот на Рома веќе бил контактиран од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.