| четврток, 6 декември 2018 |

Голема кавга на свадба: Младенците се скарале со кумовите заради нарачана песна

05-485x274

Нарачување на песни на свадбените веселби е вообичаена работа на Балканот, но често знае да изнервира некои од гостите. Таква ситуација ескалирала и за малку не дошло до групна физичка пресметка на една свадба во Србија, на која присутствувале белграѓанјката К.М. Како што раскажала таа, за малку не дошло до тепачка меѓу младенците и кумот, но настанал општ хаос.

– Бев на свадба кај еден мој роднина и се беше во ред до вечерата. Тогаш кумот нарача една стара песна „Чичко Дражо, каде е моето дете“ што предизвика бурна реакција. Повеќе гости се пожалија на младенците за изборот на песната, по што младоженецот реагираше, а кумот се навреди. Настана голема гужва, се вмешаа доста гости, а за среќа повозрасните ја смирија ситуацијата и помина без тепачка, раскажала К.М за српски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top