Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38 проценти. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство, вели Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение, интегрално целото обраќање на Миноски
На последните парламентарни избори, граѓаните одлучно ја отфрлија т.н. Изборна Програма на СДСМ.
Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на Тиранската Платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ.
Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38 посто. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство.
Од тие причини ние уште еднаш укажуваме на фактот дека народот е на улица. Народот јасно кажува дека се противи на Тиранската Платформа и на обидите да се разнебити унитарниот карактер на Република Македонија.
Дури и ваквата економска програма на СДСМ ќе биде поддржана доколку одлучно се откаже од прифаќањето на Тиранската Платформа, која што уште еднаш повторувам, значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)