Во дуелот за место во Европските купови, Интер пред своите фанови ја декласираше Аталанта со 7-1, а Мауро Икарди и Евер Банега постигнаа по три погодоци. Во одличното прво полувреме, Мауро Икарди постигна идеален хет-трик и гол со десна, лева нога и глава за само девет минути.
Потоа следуваа два гола на Банега за убедливи 5-0 по 34 минути игра, а кон финишот на првиот дел гостите постигнаа погодок преку Фројлер.
На стартот од второто полувреме, Гаљардини го матираше својот поранешен клуб за 6-1, а во 68. минута Банега го комплетираше својот хет-трик за конечни 7-1.
Наполи со 3-0 пред своите фанови славеше во дуелот со Кротоне, Удинезе со 1-3 победи на гостувањето кај Пескара, а Киево на домашен терен со 4-0 го доби дуелот со Емполи. Фиорентина со гол во завршните минути го совлада Каљари со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)