Со „Dance Alone“ на Јана Бурческа Македонија има реална шанса да го постигне најдобриот резултат на Евровизија, пишува денешното онлајн издание на тиражниот бесплатен дневен весник „20 минут“, јавува дописникот на МИА од Париз.
Македонија, според „20 минут“, никогаш не се нашла меѓу Топ 10 песните на Евровозија, а со „Dance Alone“ на Јана Бурческа Македонија има реална шанса да го постигне најдобриот резултат на Евровизија, оценува авторот на текстот.
За уметничката Јана Бурческа, „20 минут“ пишува дека била петта на македонската верзија на „Нова ѕвезда“ во 2011. Нејзината песна „Dance Alone“ компонирана од меѓународен тим, беше избрана меѓу 200 предлози за да ја претставува Македонија на Евровизија.
На прашањето кои се шансите за победа на „Dance Alone“, „20 минут“ одговара – Реални! Песната е една од најсовремените кои се во трка оваа година. Ако сценографијата и вокалната изведба во живо следат, тогаш има реални шанси да се обложиме деја Македонија ќе се најде меѓу Топ 10 на финалната вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)